NaslovnaWebinariНевромодулаторите како терапевтски средства во стоматологијата

Невромодулаторите како терапевтски средства во стоматологијата

- Advertisement -

На 27 мај, 2023 ќе се одржи четвртиот вебинар во организација на порталот www.stomatologija.me, а третиот од областа на протетиката.

Предавач ќе биде проф. Д-р Анета Мијоска, а ќе зборува на тема: ”Невромодулаторите како терапевтски средства во стоматологијата“. За време на предавањето, учесниците меѓу другото ќе можат да слушнат:

- Advertisement -

„Втората најчеста причина за болка во орофацијалниот систем кај 70-80% од светската популација е болката која потекнува од темпоромандибуларниот систем. Етиопатогенезата на темпоромандибуларните дисфункции сè уште е недоволно разјаснета, а психолошкиот стрес се повеќе станува примарен етиолошки фактор. Симптоматологијата на оваа група на болести најчесто потекнува од џвакалните мускули и TMЗ. Невромодулаторите (ботулински токсин – тип А) претставуваат модерен терапевтски пристап кој денес се повеќе се користи како дополнителен конзервативен третман во сите оние клинички случаи каде болката трае долго и станува доминантен клинички симптом. Во однос на третманот на ТМД, способноста да се намалат парафункционалните движења кои ги вклучуваат џвакалните мускули и аналгетските ефекти може да ја објаснат ефикасноста на токсинот. Современите протоколи за употреба на невромодулатори укажуваат на успешни резултати во ублажување на хронична болка и тригеминална невралгија, бруксизам, мускулна хипертрофија и тензични главоболки. Постапката е минимално инвазивна, реверзибилна и има минимални несакани ефекти“.

Имајте предвид дека ова е интерактивно предавање, во кое сите присутни ќе имаат можност да се вклучат и директно да го постават прашањето на проф. Д-р Анета Мијоска.

- Advertisement -
Проф. др Анета Мијоска (Фото: Приватна архива)

За предавачот
Вонреден проф. Д-р Анета Мијоска, специјалист по дентална протетика (Стоматолошки факултет, Катедра за дентална протетика, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија) дипломира на Стоматолошкиот факултет УКИМ, Македонија во 1997 г. Од 2002 до 2007 година работи како стоматолог во дежурна служба во УСКЦ Свети Пантелејмон во Скопје. Од 2007 година работи на Клиниката за фиксна стоматолошка протетика каде во 2011 година станува специјалист по дентална протетика. Во 2009 година е избрана за асистент на Катедрата за дентална протетика на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во 2015 година докторирала на полето циркониум диоксидна керамика – механички карактеристики и адхезивни својства. Од 2022 година е избрана на функцијата вонреден професор. Област на истражување: целосно керамика, оклузија и гнатологија, Т-скен анализа, Велскоп – неинвазивна техника за испитување на орални ткива и преканцерозни промени, геронтостоматологија итн. Учесник на повеќе домашни и меѓународни проекти (Медицински факултет – Љубљана, Словенија). Автор е и коавтор на 3 стручни книги од а областa и на претклинички практикум за факултетска настава. Автор и коавтор на над 65 научни и стручни трудови од оваа област, редовен активен учесник на европски, светски и домашни конгреси и конференции. Проф. Д-р Мијоска e поканет предавач на повеќе конгреси во Македонија и во странство (3. Конгрес на стоматолозите на Црна Гора 2019, 19 и 21 Конгрес на стоматолозите на Србија 2019, 2022, 2022 година УБТ Приштина, Косово). Својата професионална работа ја покажува како член на уредувачкиот одбор на научното и стручното списание Knowledge – International Journal, индексирано во повеќе меѓународни бази на податоци и како рецензент во повеќе списанија на SCI. Од 2014 до 2018 година, потпретседател на Надзорната комисија на Стоматолошката комора на Македонија, 2023 делегат во Собрание на Стоматолошка Комора, 2009 и 2019 година – добитник на благодарници за учество во работата и развојот на Стоматолошкиот факултет по повод одбележувањето на 50 и 60 години постоење на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Ова предавање беше акредитирано од Комората на доктори по стоматологија на Република Српска со 1 бод, како и Стоматолошката комора на Македонија, исто така со 1 бод.

Цената на предавањето е 70 евра без ДДВ.

Бројот на места е ограничен, затоа заземете го вашето место на време, со пријавување на контакт формата или едноставно со јавете се на бројот +382 68 851 465 (од 08:00 до 16:00 часот) или на е-пошта: podrska.ms@stomatologija.me Се гледаме на 27. мај од 18:00 часот!

Prijava za webinare

 

Verification

- Advertisment -

POPULARNO

- Advertisment -